Нова германска донација за пожарникарите доброволци на ДПД Кoчани
Доброволното противпожарно друштво од Кочани доби нова донација од Германија. Во нивните простории пристигна опрема за технички интервенции, со која се зголемуваат капацитетите на друштвото при интервенции на возила во сообраќајни несреќи, соопшти Златко Илијев, претседател на ДПД Кочани.
- Упатуваме огромна благодарност до нашите германски пријатели, особено до господинот Јирген Вајс за неговиот личен ангажман за обезбедување на донацијата, рече за МИА, Илијев.
Jирген Вајс е претставник на Покраинскиот протипожарен сојуз на Баварија. Со негово посредство кон крајот на април годинава, Германската амбасада во Македонија на кочанските доброволци им донираше навално противпожарно возило марка „Магирус“ и повеќе од три илјади парчиња опрема и облека.
Германската амбасада во Македонија и Покраинскиот противпожарен сојуз се најголемите донатори на ДПД Кочани.
Освен што донираат возила и опрема, Амбасадата и Покраинскиот сојуз на Баварија, со пожарникарите - доброволците од Кочани имаат реализирано неколку проекти за стекнување знаења и вештини од важност за интервенирање во пожари, елементарни непогоди и други несреќи.
МИА
Ново на Сител
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење
-
Лица со хронични респираторни болести и децата најмногу на удар од загадениот воздух
-
Четири училишта под клуч поради пожарот во Трубарeво – учениците почнаа со онлајн настава
-
Отсуството на Арсовска и службите ја прекинаа седницата на Град Скопје
-
Филипче бара оставки и итни анализи на воздухот, водата и почвата во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги објавија кандидатите за советници на метрополата
-
Од 1 декември полесно до прв стан на кредит