Нов случај на Ковид-19 кај бегалка во Грција
Позитивна на Ковид-19 е бремена бегалка од Сомалија сместена во хотел за бегалци и мигранти во надлежност на Меѓународната организација за миграција, а се наоѓа на Пелопонез.
Од Министерството за миграција и азил на Грција соопштија дека 28-годишната жена, која што е во шестиот месец од бременоста, вчера, од други причини, неповрзани со коронавирусот, побарала лекарска помош во една грчка болница, каде што меѓу другото, иако немала симптоми и бил направен тест за Ковид-19, а резултатот бил позитивен.
Жената е во домашна изолација, а претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција денеска ги проверуваат сместените во хотелот, како и вработените.
Конкретниот хотел, во кој престојуваат 470 баратели на азил, повеќето од нив од Супсахарска Африка, од четвртокот вечерта, превентивно е во карантин откако бил потврден позитивен случај на коронавирус кај вработена, иако таа претходните 12 дена не доаѓала на работа.
Паралелно, од Министерството за миграција и азил на Грција соопштуваат дека во саботата на пат кон болницата починала 39-годишна жена од Судан, која била негативна на Ковид-19.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток