-->
-->
Нов рекорд на пливачот Блажевски
-->

Македонскиот пливач Марко Блажевски постави нов македонски рекорд на 100 метри пепертука на Европското првенство на кратки базени што се одржува во Нетанија, Израел. Тој претпладнево во квалификациите исплива време 54.77 секунди и за седум стотинки го собори досегашниот македонски рекорд поставен од Александар Миладоновски на 13.декември 2001 година во Антверпен. Тој во конкуренција на 49 пливачи го освои 44.место.
Блажевски е единствениот македонски преставник на шампионатот, откако поради болест настапот го откажа Анастасија Богдановски.
Блажевски утре треба да настапи во трката на 400 метри мешано, во петок ќе плива на 200 метри мешано, а во сабота на 100 метри мешано.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кoс: ЕК на 6 октомври ќе предложи нови идеи за постепена интеграција во ЕУ
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче удри на два фронта - „идиот“ за Мицкоски, „шлепер“ за сопартијците
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
