Нов протест на кичевци против поскапувањето на електричната енергија

Група кичевци попладнево протестираа против поскапувањето на електричната енергија, по втор пат движејќи се бавно во колона од неколку десетици возила на магисталата Скопје-Охрид во делот што минува низ Кичево, од селото Другово, до крстосницата кон РЕК „Осломеј“.
За време на протестот, сообраќајот во овој дел, долг околу четри километри, се одвиваше бавно и полицијата го регулираше минувањето на други возила.
Од Иницијативниот одбор за протести соопштија дека целта на протестот е да се потенцираат веќе познатите барања за повлекување на одлуката за зголемување на цената на електричната енергија од 7,4 проценти, за намалување на нејзината цена за домаќинствата за 46 отсто, за укинување на монополот на услугите на ЕВН, за распуштање на Регулаторната комисија за енергетика и за формирање „независна Регулаторна комисија во служба на граѓаните, што ќе го контролира квалитетот на услугите од областа на енергетиката“.
Тие исто така побараа и намалување на ДДВ-то од 18 на 5 отсто и за укинување на доплатата од 33 проценти на електричната енергија.
Инаку овој беше вкупно шести протест против поскапувањето на струјата во Кичево. Тој траеше околу еден час и мина без инциденти.
Ново на Сител
-

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада
-

Јокиќ постигна 55 поени во триумфот на Денвер против Клиперс
-

Поларна светлина на небото над северна Белгија и Холандија
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
-

Утрото студено, а потоа сончево со температура до 20 степени
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови
-

Октомври бил постуден и со повеќе врнежи од вообичаеното
