-->
-->
Нов пакет американска воена помош за Украина
-->
САД се подготвени да и дадат на Украина скоро 800 милиони долари нова воена помош, вклучително и најмалку 10 извидувачки беспилотни летала, изјавија неименувани американски претставници.
Според нив најголемиот дел од помошта ќе бидат дополнителни хаубици и муниција, како и преносливи дронови за долги извидувачки летови, кои се лансираат од катапулт, а потоа се враќаат назад.
Тоа би било 19. пат од август 2021 година, американското Министерство за одбрана да испрати оружје и воена опрема од сопствените резерви во Украина.
Од почетокот на руската инвазија, САД испратија оружје, муниција и друга опрема во Украина во вредност од повеќе од девет милијарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од КПУ Затвор Скопје
-
Сослушани седум сведоци за пожарот во тетовската модуларна болница, ново рочиште на 16 февруари
-
Кривична пријава за вработен кој издал фалсификуван извод од родени
-
Штрајк на дел од јавниот сектор во Брисел за подобри работни услови и повисоки плати
-
Спасовски: И Северна Македонија и Бугарија ќе направат сѐ за да не се наруши односот меѓу двете земји
-
Кремљ ги обвини балтичките земји за „екстремно агресивен став“ за војната во Украина
-
Зеленски: Жестокиот напад на Русија на истокот на Украина е одмазда за претходните загуби во војната
-
Приведен криминалец од Штип, осуден на 6 години и 4 месеци казна затвор