Нов мега план на Јапонија за подобро утре
Б92 - Белград
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе најави нов план за раст на стопанството, со цел БДП да се зголеми на 5.000 милијарди долари од сегашните 4.600 милијарди.
Абе дојде на чело на Владата во 2012 година со ветување дека ќе и стави крај на дефлацијата и ќе го поттикне растот преку голема јавна потрошувачка, олабавувење на монетарната политика и длабоки реформи, за поголема продуктивност на стопанството и зголемена конкуренција.
За сега „абеномиката“ не ги оствари своите три цели, иако акциите и профитите на јапонските компании скокнаа.
- Утре сигурно ќе биде подобро од денес, рече Абе на конференција за новинарите.
Абе, кој неодамна повторно беше избран за лидер на владејачката Либерално демократска партија, вети дека ќе се фокусира на економијата, бидејќи е усвоен спорниот закон за одбрана, кој и овозможува на јапонската војска да учествува во борби и кога земјата не е директно нападната.
Тој рече дека трите нови цели на неговиот економски план е силно стопанство, поддршка на родителите и обезбедување на социјални услуги за намалување на товарот за чување на деца и грижа за старите луѓе и сиромашните семејства. Јапонија исто така сака и да го намали огромниот јавен долг, иако е нејасно како тоа Абе ќе го постигне со оглед на трите главни цели.
Јапонското стопанство кое лани е проценето на околу 4.600 милијарди долари, во второто тримесечје се намали за 1,2 отсто на годишно ниво, а економистите предупредуваат дека успорувањето на кинеската економија и превирањата на берзите можат да го ослабат очекуваниот раст во претстојните месеци.
Јапонското стопанство во изминатите пет години имаше просечен раст од 1,7 отсто, што е половина помалку од 3,5 отсто кои се потребни за да се достигне БДП од 5.000 милијарди долари до 2021 година.
Независниот Јапонски центар за економски истражувања предвидува дека оваа година растот ќе биде 0,9 отсто, следната 1,5 отсто, но дека во 2017 година поради зголемување на ДДВ растот ќе биде помал.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска