-->
-->
Норвешка ја призна палестинската држава
-->
Норвешка ќе го признае постоењето на палестинска држава од 28 мај, објави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и покрај предупредувањата од израелската влада. „Ние веруваме дека решението со две држави е во најдобар интерес на Израел“, рече норвешкиот премиер на специјално свикана прес-конференција. Тој додаде дека целта е „да се постигне палестинска држава која е политички кохезивна и која произлегува од палестинската самоуправа“.
Се очекува и други европски земји да преземат слична иницијатива денеска: шпанскиот премиер Педро Санчез се очекува да го објави датумот кога Мадрид ќе ја признае палестинската држава, а ирската влада утринава свика прес-конференција за да ја објави својата одлука објавија локалните медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи
-
Приведен дилер во Куманово
-
Приведен крадец во Маџари
-
Мицкоски најави прва инвестиција во вторник
-
Почна пленарната седница за избор на владата