Македонија
29. April 2017 - 17:54

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Градско-Велес кај с.Виничани

АМСМ информира дека во 16:55 часот е нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Градско-Велес кај надвозникот за село Виничани.           

Сообраќајот на овој патен правец од 15:00 часот беше блокиран во двата правци од група од 10 граѓани со земјоделска механизација.