-->
-->
Ноќна трка во Градскиот парк
-->

Во организација на Endurance.mk (АК Индјуренс – Скопје) по втор пат ќе биде организирана атлетската манифестација “City Park Night 21”.
Настанот е од рекреативен и отворен карактер за сите атлетски клубови, активни атлетичари, рекреативци, љубители на трчањето во природа, од нашата земја, како и надвор од нашите граници.
Од информациите од организаторот на трката се пријавени околу 110 натпреварувачи.
Стартот на Полумаратон ќе биде видно обележан и се наоѓа во непосредна близина на дискотеката Икс Ел (XL) во Градскиот Парк. Патеката е кружна. Еден круг изнесува 1750м и се вртат вкупно 12 круга.
Финишот е помалку од 100м подолу од стартот, исто така видно обележан, со балон/капија на самата финиш линија и рефлекторско осветлување.
Патеката е прегледна, обележана околу целиот круг, како и на критичните вртења.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради