-->
-->
Ноќеска гореле три автомобили во Скопје
-->
На 20.06.2020 во 01,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Лазо Москов“ настанал пожар при што било опожарено патничко моторно возило „Форд ескорд“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.К.(75) од Скопје. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денов.
На 20.06.2020 во 02,35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.1 во с.Горно Блаце, скопско настанал пожар при што биле опожарени две паркирани патнички моторни возила „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки и „Ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.Т. од с.Горно Блаце. Пожарот бил изгаснат од сопственикот. Увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита