Продолжуваат борбите во Газа, убиени 200 Палестинци, сирени за тревога во јужен Израел
По еднонеделното примирје, Израел денеска изврши нови напади врз Појасот Газа. Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, соопшти дека речиси 200 Палестинци се убиени од прекинот на привременото примирје меѓу Израел и палестинската група, објавува британски „Гардијан“.
– Ги гаѓаме воените цели на Хамас низ појасот Газа, изјави портпаролот на Изралеските одбранбени сили Џонатан Конрикус.
Палестински извори, пак, соопштија дека по прекинот на примирјето и продолжувањето на непријателствата, вооруженото крило на Хамас добило „наредба да продолжи да се бори“ и да „го брани Појасот Газа“.
„Тајмс оф Израел“ пренесува дека изутринава се огласиле сирените за воздушен напад во пограничните населби Холит и Суфа на југот на Израел. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Жестоки борби се водат во јужниот дел на Газа. Во текот на ноќта израелската армија извршила опсежни операции против Хамас и други вооружени групи во Газа, а борби се водат во јужниот дел на палестинската енклава, јавуваат израелските медиуми. Копнени борби им и во областа Кан Јунис, каде, според разузнавачките податоци, има членови на раководството на Хамас. Военото радио „Канал 12′ извести дека израелските сили дејствуваат и во градот Газа и Беит Лахија, во северниот дел на Газа.
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во Кочани прашуваат зошто нема анализи за присуство на цијанид во крвта кај жртвите?
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Ѓорѓиевски: По наследеното катастрофално финансиско наследство, Скопје денес чекори кон стабилизација
-

Советот на Општина Центар едногласно го усвои буџетот за 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

Миса во Католичката црква во Скопје за Божиќ
-

Тема нa денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-

Уставен ќе ги испитува коефициентите за плати на судиите и обвинителите
