Преглед на вестите од светот
Папата Лав 14-ти, на свечената миса за Бадник со илјадници верници во базиликата „Свети Петар“ рече дека Бог е присутен во секое човечко суштество.
„Каде што има место за човечката личност, има место за Бог“, рече тој. Папата службата ја прослави навечер што беше промена во однос на неговите претходници, кои настанот го оджуваа порано. Но, тоа не беше пречка надвор од базиликата, илјадници луѓе гледаа на екраните од плоштадот „Свети Петар“, да го следат чинот држејќи чадори и под силен дожд во Рим.
Луѓето се собраа во Витлеем за да го прослават Божиќ по две години војна бидејќи несигурното примирје во Газа влегува во својот втор месец. Илјадници Палестинци и туристи го исполнија плоштадот. Во последните две години туризмот во градот се намали, а божиќните фестивали беа откажани.
Руската страна сè уште верува дека преговорите за решение на конфликтот во Украина треба да се водат зад затворени врати, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Москва го смета документот од 20 точки, изготвен од Украина и САД, само за почетна точка за понатамошни преговори, бидејќи не содржи одредби важни за Русија и не дава одговори на бројни прашања.
Кремљ претходно нагласи дека нема намера да разговара за мировниот план за Украина преку медиумите.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го претстави нацрт-планот за мир од 20 точки за завршување на конфликтот меѓу Украина и Русија.
Според Зеленски, нацрт-планот вклучува одредби со кои се потврдува суверенитетот на Украина и се воспоставува механизам за следење на контактната линија за да се обезбеди долгорочен мир.
Исто така, предлага силни безбедносни гаранции за Украина, одржување на големината на вооружените сили на Украина на 800.000 лица во мирно време и безбедносни гаранции од САД, НАТО и Европа слични на клаузулата за колективна одбрана од Член Пет на НАТО.
Во планот се вклучени и прашања како што се пристапувањето на Украина во Европската Унија со јасна временска рамка; забрзани преговори за договор за слободна трговија меѓу Украина и САД; заедничко работење на нуклеарната централа Запорожје од страна на Украина, САД и Русија и предвремени избори во Украина.
Територијалните прашања се исто така опфатени во нацрт-документот, иако Зеленски рече дека тие остануваат нерешени. Украина истотака нема да се откаже од своите аспирации за членство во НАТО.
Тој упати и Божикна порака и рече дека Украинците го одбележуваат Божиќ во тешки околности.
Силните дождови предизвикаа поплави во округот Сан Бернардино во Калифорнија, принудувајќи евакуации и затворање на автопат, додека екипите за итни случаи брзаа да ги заштитат жителите. Каллива вода од поплави како тече околу куќите, екипите вршеа проверки од врата до врата и ги советуваа жителите во опасните зони веднаш да заминат. Градските власти на Лос Анџелес ги повикаа жителите да ги почитуваат наредбите за евакуација
Се очекува бурата со поројни дождови да продолжи до петок.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
