НЛБ Банка: Средствата на клиентите се безбедни
Управниот одбор на НЛБ Банка во врска со грабежот денеска информира дека средствата на нивните клиенти се безбедни и оти ги има преземено сите мерки за осигурување на своите редовни активности.
- Согласно информациите, кои се проширија во јавноста за истрагата за инцидент настанат во НЛБ Банка АД Скопје, она што е најважно е да ве информирам и ве уверам дека сите наши клиенти и колегите вработени на нашата банка се сигурни. Сите средства на нашите клиенти се апсолутно безбедни и клиентите не треба воопшто да се загрижени. Банката ги има преземено сите мерки за осигурување на своите редовни активности, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.
Од Банката информираат дека соработуваат со надлежните власти и се надеваат на брз и позитивен исход од истрагата.
- Како не би го попречувале напредокот на истрагата, во овој момент не би можеле да коментираме повеќе за настаните се до крајот на истата, сепак сите понатамошни информации треба да дојдат од надлежните истражни органи, вели Аргир во неговата писмена изјава.
Настанот, според Аргир, нема влијание на секојдневното тековно работење на банката.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра