Њујорк тајмс: Русија купува артилериска муниција од Северна Кореја
Њујорк тајмс повикувајќи се на американски разузнавачи објави дека Русија купува артилериска муниција од Северна Кореја, што е доказ дека почнале да дејствуваат санкциите и се намалува способноста на Москва за инвазијата врз Украина.
Весникот наведува дека неодамна декласифицираните податоци покажуваат дека Русија од Северна Кореја купила артилериски гранати и ракети. Минатиот месец неименуван американски претставник изјави дека руските дронови од иранско производство претрпеле „бројни дефекти“ во Украина и оти Москва најверојатно планира да набави стотина беспилотни летала (УАВ) од серијата Мохајер-6 и Шахед. Западните санкции ја ограничуваат Русија да ги замени уништените возила и оружје во Украина.
Украина неодамна почна контраофанзива на неколку локации, вклучувајќи ја и областа Херсон, што руските сили ја окупираа на почетокот на инвазијата. Како подготовка за овие напади, украинските сили ги нападнаа руските области за снабдување, вклучително и складишта за муниција.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит