„Њујорк Тајмс“: Израел го имаше планот за финансиската инфраструктура на Хамас уште во 2018.
Израелското разузнавање имаше собрано сеопфатни детали за финансиската структура на Хамас уште во 2018 година, но не направи ништо за да згасне и да прекине испраќањето пари за милитантната група, јави весникот „Њујорк Тајмс“.
Според извештајот на њујоршкиот весник, документите пронајдени на компјутерот на висок функционер на Хамас покажале приватен капитал вреден стотици милиони долари.
Во него биле вклучени рудници под контрола на Хамас, живинарски фарми и компании за изградба на патишта во Судан, два облакодери во Обединетите Арапски Емирати, градежен инвеститор во Алжир и фирма за недвижнини на турската берза.
Иако документите биле предадени и во Ерусалим и во Вашингтон, ништо не било преземено за да се спречат операциите, наведува денеска „Тајмс оф Израел“.
-Сите зборуваат за неуспехот на разузнавачките служби на 7 октомври, но никој не зборува за неуспехот да се запре протокот на пари. Тие пари го овозможија тоа да се случи, изјави Уди Леви, поранешен шеф на Мосад за економски прашања.
Во извештајот се наведува дека Хамас на располагање имал средства во вредност од околу 500 милиони долари.
Леви изјави дека за сознанијата уште во 2015 година го информирал премиерот Бенјамин Нетанјаху.
-Можам со сигурност да ви кажам дека разговарав со него за ова. Но, тој не беше многу заинтересиран за тоа, тврди Леви.
Нетанјаху одби да одговори на обвинувањата, додава њујоршкиот весник.
Ново на Сител
-
Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода