Низ Македонија утрово и до - 13
– Утринава најстудено е во Берово каде се измерни – 13 степени, во Маврово -11, во Лазарополе и Крива Паланка -10, во Скопје Петровец, Пожаране, Крушево и Прилеп -8, во Скопје Зајчев Рид, Претор, Демир Капија, Тетово, Битола, Штип и Струмица -7, во Виница, Дебар, Тополчани, Ѓуриште -6 степени, и во Гевгелија и Охрид -5 степени.
Најмногу снег има на Маврови Анови, каде утринава се измерени осум сантиметри, шест во Ѓуриште, пет во Пожаране, по три во Берово и Лазарополе и еден сантиметар во Крива Паланка.
Времето денеска ќе биде сончево, по одделни котлини со заматеност на атмосферата. Температурата ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје температура до 5 степени.
Во наредните денови ќе се задржи период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Утре и во сабота во претпладневните часови ќе има температурна инверзија што по одделни котлини ќе ги зголеми условите за појава на магла или заматеност на атмосферата.
Ново на Сител
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори
-
Воведени се драстични промени во работата по скандалот на Онкологија, смируваат од клиниката
-
Мајмунски сипаници потврдени кај двајца 40-годишници од Скопје, не се познавале и не патувале надвор
-
Бислимовски: Одлуката на Уставниот суд може да доведе до поскапување на парното
-
Одбележани 76 години од основањето на УКИМ - наградени најдобрите студенти
-
Преглед на вестите од светот