Николовски – Вудкок: Се интензивира соработката со Обединетото Кралство со фокус на сузбивање на криминалот
Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски остварил средба со претставникот на Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство за Македонија и регионот, Сајмон Вудкок.
- Жестока борба против криминалот и корупцијата, забрзување на трговијата, како и зајакнување на капацитетите на Царинската управа, ќе бидат во фокусот на билатералната соработката со Обединетото Кралство, соопштија денеска од Царинската управа.
На средбата Николовски и Вудкок се согласиле за интензивирање на соработката на Царинската управа и Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство, со цел остварување на приоритетите, што се во фокусот на британската и македонската Влада.
- Врвен приоритет ни е економска трансформација на земјата и сузбивање на криминалот и корупцијата. Оттука од големо значење е фокусот на идната соработка со Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство да биде во насока на остварување на овие цели, истакнал Николовски.
Како што се додава во соопштението, тој потенцирал дека лично ќе се заложи секој царински службеник да работи дисциплинирано, ажурно, на врвно професионално ниво и да оствари подобри резултати кои ќе бидат видливи со зголемување на ефективноста на институцијата.
На средбата се говорело и за можноста Обединетото Кралство преку Управата за царински работи и приходи да обезбеди советодавни и инвестиции за поддршка на поголеми проекти за развој на Царинската управа, како и поддршка за обуки на царинските службеници.
- Во овој дел се разговараше за можноста за обезбедување поддршка во поврзување на системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички со новиот компјутеризиран транзитен систем и со системот за обработка на царински декларации сè со цел забрзување на транспортот и трговијата и сузбивање на криминалот. Ваквите активности ќе го дополнат Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан на Светска банка, соопштија од Царинската управа.
Се посочува дека интензивирањето на билатералната соработка со фокус на забрзување на економскиот раст и сузбивање на криминалот, воедно ќе придонесе за подобрување на условите за водење бизнис и привлекување на нови инвестиции од Обединетото Кралство.
Ново на Сител
-
Отворено ново студио за медиумски иновации на Правниот факултет „Јустинијан Први“
-
Конференција за европската рута на св. Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско
-
Кина воведе царини на европските жестоки пијалаци
-
Тешко повредено 20-годишно лице по сообраќајна несреќа во Кавадарци
-
Царинска управа: спречен обид за нелегална трговија со марихуана и лекови
-
Ја удрил со автомобил, па избегал од лице место - Тешко повредена 85 годишна жена
-
Уапсен 38 годишен косовски државјанин - Ја палел зградата на општина Тетово
-
Во четврток прва седница на ЕСС, ќе се зборува и за покачувањето на минималната плата