Николовски: Навремено не се преземени сите мерки за „јазлеста кожа“
СДСМ денеска обвини дека поради неодговорност на надлежните институции болеста „јазлеста кожа“ се шири кај животните, а штети трпат сточарите, млечната и месната индустрија.
- Сточните пазари се затворени. Се јавува млечна криза и забрана за извоз на млеко и месо од целата територија на Македонија. Сточарите на коишто им беа одземени животните никој не ги обештетува. Се уште нема исплата на штета за ниту едно одземено грло добиток од сточарите и не се знае кога тоа ќе се случи, изјави Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
Според него, трет месец се чекаат 250.000 вакцини против болеста, а направени се и пропусти од страна на институциите во врска со болеста.
- Во 2015, АХВ и МЗШВ знаеле и биле информирани за можноста за ширење на болеста. Тоа го потврдува ова мислење на Европската организација за безбедност на храна од 2015 година. Направени се многу пропусти во 2015 година. Не испланирале и не обезбедиле финансиски средства за набавка на вакцини и не обезбедиле односно резервирале одредени количини вакцини, рече Николовски.
Тој обвини дека Националниот центар за контрола на болеста не бил формирам веднаш, туку со задоцнување од две недели, а примерокот за потврда на болеста не е испратен до светска или европска референтна лабораторија, туку во национална лабораторија на соседна држава.
СДСМ, како што рече Николовски, ќе ги разгледа можностите за правна и законска одговорност на сите инволвирани.
Ново на Сител
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари
-
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Валенсија
-
Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега
-
Бектеши останува во притвор, одлучи Апелациониот суд
-
ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција за потребата од подготвеност
-
Додека го апселе прилепчанец украл пиштол на полицаец
-
Исчезна 11-годишно дете од СОС Детско село
-
Викендот сончево и топло, следната седмица повремен дожд и појава на грмежи