Николовски до Заев: Каде бил Мијалков ако бил во Скопје, зошто не е извршен претрес?
Ако ја прифатиме логиката на државата дека Сашо Мијалков бил во Скопје, логично прашање е каде бил во градов, ова прашање го постави од собраниската говорница на денешната седница за пратенички прашања пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
– Како претседателот на владата ја координирал акцијата за обезбедување на бегалецот од правдата, а во исто време бегалецот од правдата кажа дека имал 40 температура и дека два дена бил во изолација, па самиот се пријавил. Според тоа што го кажува владата, бегалецот бил цело време во Скопје и се криел, а според информации што дојдоа до нас, тој бил надвор од државата и потоа се вратил во Македонија. Ако ја прифатиме тезата дека бегалецот бил во Скопје, се поставува прашањето каде бил во Скопје, односно каде престојувал. Па прашањето кое го поставува целокупната македонска јавност е каде бил доколку бил во Скопје, дали куќата или станот е лоциран и зошто не е извршен претрес на истиот. А доколку не бил во државата, како се вратил назад, дали нелегално се врати бидејќи дека нелегално ја напуштил земјата и што правеле пограничните органи на државата – рече Николоски.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања
-
Таравари најави дека до петок ќе каже како ќе се решава проблемот со хируршките сали
-
Невреме во Тетовско
-
Вчерашното невреме зад себе остави пустош низ Скопје