Николовски: Да се расчистат евентуалните малверзации околу Сојузот на тутунските здруженија
Институциите да ги расчистат сите нејаснотии, неправилности и можни малверзации околу Сојузот на тутунските здруженија за да нема ниту една дамка во тутунопроизводството кое државата го поддржува и го стимулира, од кое егзистираат 30 000 семејства и од кое годишно се остварува значаен девизен прилив, порача денеска од Прилеп министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Според него, поверениците, како претставници на тутунопроизводителите, мора да си ги добијат своите пари.
Мнистерот за земјоделство потенцира дека со новиот предлог-закон за тутун, освен што се укинуваат евидентните листови, ќе се либерализира и делот за назначувањето повереници.
Воедно информира дека досега во земјава се откупени над 24.000 тони тутун, откупот е при крај и се одвиваше непречено на општо задоволство на тутунопроизводителите. Досега се исплатени околу 80 милиони евра, а субвенциите ќе ги добијат како лани, според календарот на обврските.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис