Николовски-Брнз: Актите на Бајден се охрабрувачки пораки за стабилен Западен Балкан
Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски и американската амбасадорка Кејт Брнз на денешната средба разговарале за Извршната наредба на претседателот на САД, Џо Бајден, со која им се дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на дестабилизација и против клучните договори во регионот на Западниот Балкан, вклучително и Република Македонија.
Од Кабинетот на вицепремиерот информираат дека Николовски изразил задоволство што во Извршната наредба е ставен фокус и на борбата против корупцијата, што е еден од врвните приоритети на Република Македонија. Во тој контекст, вицепремиерот Николовски ја известил амбасадорката Брнз за мерките и активностите што Владата на РМ ги презема за спречување на корупцијата, како и за реализацијата на владиниот План за борба против корупција.
-Амбасадорката Брнз ја потенцираше важноста од преземање мерки за борба против корупцијата, што е во интерес на сите граѓани на Македонија, но истовремено е важно за евроинтеграцискиот напредок на државата. Исто така, амбасадорката Брнз, ја потврди поддршката на САД за Македонија и нејзините граѓани на евроатлантскиот пат, соопштуваат од Кабинетот на Николовски.
Ново на Сител
-
Тркалезна маса „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд“
-
Најмногу дожд во Прилеп, времето денеска променливо облачно со сончеви периоди
-
ФФМ: Целосно ќе го исчистиме ѓубрето во македонскиот фудбал
-
Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителството
-
Без струја делови од неколку скопски општини
-
Дваесет и четири години од масакрот на припадниците на безбедносните сили во Вејце
-
Владата и парламентарното мнозинство се стабилни и покрај превирањата во Вреди, после 1 мај ќе се знае дали Таравари останува
-
Северна Кореја потврди дека испратила војници во Русија да се борат против Украина