Николоски: Не можеме да бидеме неми на состојбите во правосудството, граѓаните бараат правда и резултати

Не можеме да бидеме неми на состојбите во правосудството, граѓаните бараат правда и резултати, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
-Бараат пари за поголеми плати и буџети, а не работат, не можат сами да се реформираат и не испорачуваат резултати, истакна Николоски во гостувањето во „Само интервју" на ТВ Канал 5, зборувајќи за состојбите во македонското судство и обвинителство.
Коментирајќи ги забелешките за работата на судските органи, тој вели дека видни се притисоците од меѓународниот фактор, иако судството не покажува никакви резултати.
-Излезете надвор од Скопје и најубавите куќи се на цариник, судија и обвинител и ако не го знаете вистинскиот адвокат и немате да платите, не дај Боже и прав да сте, крив излегувате. Законите се добри, проблем е што или не работат или ги ставаат работите под тепих, или нешто ако сработат, најчесто им е да удрат некој бизнисмен. За жал на тоа се сведе Судството и Обвинителството во Македонија, рече Николоски.
Во однос на барањето за повисоки плати во правосудниот систем, Николоски посочи дека платите на судиите и обвинителите и сега се високи и дека проблем не се примањата, туку тоа што судиите и обвинителите не испорачуваат.
-Еве теоретски ќе ги зголемиме и платите, ќе се сменат работите? Исто ќе е! Мали им се сега платите? Повисоки плати имаат и од министри и од премиер, и од претседател на држава. Се сеќавате дека Уставниот суд ја укина одлуката за замрзнување на платите, кога наеднаш скокнаа платите за 78%, и ние донесовме принципиелен став дека од ова нивно повеќе платите нема да растат и ги намаливме коефициентите, но еве тоа за судиите и обвинителите не требало да важи. Проблемот во државава не се платите на судиите и обвинителите, проблемот е дека не испорачуваат, истакна вицепремиерот Николоски.
Тој потенцираше дека целта на Владата е судството и Обвинителството да бидат независни, но се додека довербата во правосудниот систем е олку ниско ниво и се додека тоа е проблем кој го посочува секој еден граѓанин, Владата нема да остане нема на состојбите.
Во однос на условите за работа во судовите и обвинителствата, Николоски направи компарација за тоа како постапуваа судиите и обвинителите кон ВМРО-ДПМНЕ, а како денеска постапуваат или не постапуваат кон претходната владеачка гарнитура.
-Дали имаа основни услови за работа за да му го замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ? Очигледно имаа, затоа што ние сме единствената владеачка партија во Европа, која што има замрзнат имот. Дали можат со истите услови, кои што ги имале да му го замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ, барем да го испитаат имотот на СДСМ и ДУИ? И да им се даде се' што бараат, ќе излеземе идната година пак, за истиот проблем ќе зборуваме. Тие бараат само плус пари за плати, а сите останати трошоци да останат на сметка на државата. Суд нов да се изгради во државата, треба Владата да го плати, додеде Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема да има ценовен шок за домаќинствата, Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата
-

Три лица приведени поради закани кон кавадарчанец и член на неговото семејство
-

Помалиот син на премиерот е во добра здравствена состојба по труењето во ОУ „Димо Хаџи Димов“
-

Во октомври годишен раст на каматната стапка кај депозитите и пад кај кредитите
-

Судењето за „Онкологија 2“ продолжи со сведочење за финансиски неправилности
-

Струмичанецот што проба со шприц да и вбризга отров во уста на сопругата осомничен за обид за убиство
-

Водовод: Водата во Димо Хаџи Димов била санитарно исправна
-

Битолчанец пијан во 10 часот претпладне, возел со 2,86 промили алкохол во крвта
