Македонија
16. јуни 2024 - 16:32

Никако да се стави крај на нелојалната конкуренција

Нелојалната конкуренција царува занаетчиите на удар

Никако да се  стави крај на нелојалната конкуренција.Занаетчиите се на најголем удар ,двете фамилии од Охрид кои изработуваат оригинал охридски бисери иако ги имаат заштитено со сертификат трговска марка и патент сепак низ дуќаните долж чаршијата се продаваат лажни бисери како оригинали донесени од Кина и Турција .

Занаетчиите бараат засилени инспекциски контроли бидејќи станува збор за имиџот и брендот на градот.

Жалосно е што дел и од туристичките водичи кои ја раскажуваат приказната и историјата за градот Охрид гостите ги носат во дуќани кои продаваат  бисери како оригинали со лажен сертификат.