Џет-Сет
21. September 2015 - 19:02

Никако да го преболи - Поранешната девојка на Кристијан Голубовиќ се огласи

Татјана Тања Живановиќ, 25-годишната поранешна девојка на Кристијан Голубовиќ, се огласи по сите шпекулации за него откако влезе во реалното шоу Фарма.
 
- Бевме заедно четири години, ме освои со својата грижливост. Секогаш беше џентлмен и господин со манири. Јас ја прекинав врската по неговото излегување од затвор. Се свртев на друг начин на живот и не можев да продолжам. Ни еднаш не се скаравме за тие три години пред да влезе во затвор. Немаше место за љубомора бидејќи не се делевме, беше свесен за се и пријателски се збогувавме. Не ми се допаѓа што луѓето велат дека е таков, тој е прекрасен човек, вели таа.
 
Додава дека сака спорт и дека веднаш откако излегол од затвор дошол на нејзин натпревар додека играла кошарка, но таа веќе не го гледала исто. Сигурна е дека никогаш не ја изневерил и до ден денес не се сомнева во него. 
 
Тања додава и дека Кристијан не би си ја изневерил сопругата во Фарма, но дека го напаѓаат девојките и тие се виновни за се.