Нијагарините водопади обоени во црвено-жолта боја во спомен на жртвите во катастрофалниот пожар во Кочани
Нијагарините водопади синоќа беа осветлени во црвено-жолтата боја во спомен на жртвите во катастрофалниот пожар во Кочани пред една недела, објави канадскиот дневен весник The Star.
Во пеиодот од 21:00. до 21:25 часот синоќа по локално време - и американската и канадската страна на Нијагарините водопади беа осветлени со црвена и жолта боја како што е знамето на Северна Македонија.
- Овој потег е со цел „да им оддаде почит на жртвите и да ги поддржи оние кои тагуваат по трагедијата во македонскиот ноќен клуб, изјави за весникот Стар, Крис Гилс од Нијагара Паркс.
Инцидентот во ноќниот клуб беше „ужасен“, рече Крис Палиаре, македонски адвокат кој живее во Торонто, чие семејство е во Канада повеќе од 100 години.
-Во место како Македонија, тоа е релативно мало ... таква несреќа има уште подраматично влијание. Многу луѓе се познаваат, рече Палиаре.
Нијагарините водопади претходно блескаа со истите бои во 2021 година, на 30-годишнината од незавиноста.
-Во Канада има признание за долгогодишниот придонес што Македонците го дадоа во Канада, рече тој наведувајќи дека тоа „ви дава огромно чувство на гордост“
Ново на Сител
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова
-
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор
-
Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите за безбедност, рече Јакимовски
-
Граѓански организации бараат казни наместо време за прилагодување
-
Се намалува бројот на повредени кои остануваат на болничко лекување – критичните пациенти се подобри од вчера