Независен синдикат на полицијата бара исплата на парите за прекувремена работа
Независниот синдикат на полицијата бара МВР да исплаќа надомест за прекувремената работа, а исто така обвинува дека се вршат прераспределување без да се внимава на постапката.За зголемувањето на платите, велат дека е недоволно.
-Во МВР има вработено околу 11.500 вработени, а во последните пет години од страна на вработените против Министерството се покренати преку 16.000 судски постапки. Ова е така затоа што Министерството останало глуво со години на барањата на Независниот синдика на полицијата, и понатаму не ја исплаќа хранарината за работата ноќе, не ја исплаќа минималната плата, прави погрешна пресметка во прекувремените часови, не уплаќа колективно здравствено осигурување што има обврска да го уплаќа..., изјави Мартин Ефремов на денешната прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата.
Според него, втор суштински проблем во МВР што повторно се провлекува е проблемот со распоредувањето и унапредувањето на кадрите во Министерството.
Ново на Сител
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња