-->
-->
Незадоволство во редовите на Австрија, Србија на потег!
-->
Атмосферата во таборот на фудбалската репрезентација на Австрија е сериозно нарушена во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против Србија во Виена.
Проблем е заминувањето на селекторот Марсел Колер. Фудбалерите не се согласуваат со челниците на националниот Сојуз кои решија да се разделат со Колер по завршувањето на квалификацискиот циклус.
Одлуката на Сојузот јавно ја критикуваа Марко Арнаутовиќ, Марк Јанковиќ и капитенот Јулијан Баумгартлингер.
„Го поддржувам Арнаутовиќ, кој го критикуваше Сојузот, но сега е најважно да се насочиме кон натпреварот со Србија. Комуникацијата помеѓу Сојузот и играчите не е добра, информациите излегуваат надвор и сето тоа дополнително ја отежнува ситуацијата. Му кажавме на претседателот на Сојузот дека смената на Колер не е решение“, рекол Баумгартлингер алудирајќи дека играчите за заминувањето на селекторот дознале од медиумите.
Австрија на Србија, која се наоѓа на чекор до директен пласман на Мундијалот во Русија, ќе ѝ се спротивстави без шестмина стандардни играчи.
Србите ќе имаат голема поддршка на утрешниот натпревар бидејќи, како што соопштија Австријците, најголем дел од продадените 40.000 билети ги купиле српските навивачи. Дуелот се игра в петок од 20:45 часот, на стадионот „Ернст Хапел“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани