Свет
20. November 2023 - 9:09

Невреме во Сибир, четворица загинати, околу 264.000 луѓе без струја

Најмалку четири лица загинаа во ураганот што го погоди Сибир, соопшти Истражниот комитет за Кемеровската област. Според податоците на Министерството за енергетика, околу 264. 000 жители на Сибир останале без струја поради ураганот, објави Комерсант.

Во градот Новокузњецк во западен Сибир беше прогласена вонредна состојба откако беа оштетени 47 покриви на станбени згради, 30 автомобили и 45 инфраструктурни објекти.

Градоначалникот Сергеј Кузњецов рече дека се паднати повеќе од 200 дрвја. Во Новокузњецк денеска ќе бидат затворени училиштата и градинките.

На територијата на Алтај три лица се повредени и хоспитализирани, соопшти Министерството за вонредни ситуации.