Раст на прометот во индустријата
Прометот во индустријата во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година бележи раст од 13,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.
На домашниот пазар во мај 2017, во однос на мај 2016 година, прометот бележи пораст од 4,1 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 15,3 отсто.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, бележи пораст од 99,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11,4 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,3 отсто, Капитални производи за 14,8 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,3 отсто.
Прометот во индустријата во мај 2017 година, во однос на април 2017 година, изнесува 13,4 отсто додека во периодот јануари-мај 2017 година, во однос на периодот јануари-мај 2016 година, бележи раст од 9,1 отсто.
Ново на Сител
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче