Невреме во Австралија, издадена наредба за евакуација во државата Викторија
Силно невреме го погоди југоисточниот дел на Австралија, а на стотици луѓе во државата Викторија денеска им е наредено да ги евакуираат своите домови поради поплави.
Беа издадени наредби за евакуација за тешко погодените области во малите градови Сејмур и Јеа, околу 112 километри северно од Мелбурн.
Властите наредија жителите и туристите веднаш да се евакуираат, бидејќи поплавите достигнаа опасни нивоа.
Во државата Викторија има предупредувања за поплави и грмотевици, со 38 спасени луѓе и примени речиси илјада повици за помош досега, соопшти Службата за итни случаи на Викторија.
Граѓаните се предупредуваат дека поројните поплави и кршењето гранки од дрвја се најголеми ризици. За невремето се подготвуваат и државите Јужна Австралија и Нов Јужен Велс.
Ново на Сител
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели