Македонија
13. July 2023 - 12:35

Невообичаен судир: Малолетен велосипедист удрил во малолетен пешак

Вчера во 19.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на ул.„Стојан Сандески“ во Кичево, велосипед управуван од малолетник удрил во малолетен пешак, двајцата од Кичево, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот пешак, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.