Нетанјаху: Војната не е завршена, Хамас ќе биде разоружан

Војната не е завршена и Хамас ќе биде разоружан, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во своето обраќање пред Кнесетот.
-Оние кои сакаат да ни наштетат повторно се вооружуваат. Тие не се откажале од својата цел да нè уништат. Хамас ќе биде разоружан. Газа ќе биде демилитаризирана. Тоа ќе се случи или на лесниот или на тешкиот начин. Но, тоа ќе се случи, рече Нетанјаху, пренесе „Тајмс оф Израел“.
Израелскиот премиер во говорот во Кнесетот оцени дека Израел се приближува повеќе од кога било претходно до земјите од регионот и додаде дека јавноста ќе слушне повеќе за тоа.
-Израел е решен да ги спроведе договорите за прекин на огнот во Газа и Либан со „железна тупаница“. Можете да видите што се случува секој ден во Либан, додаде тој.
Нетанјаху изјави дека воениот притисок врз Хамас и операцијата на израелските одбранбени сили во Газа, заедно со дипломатскиот притисок од САД за изолирање на Хамас, им овозможиле на сите живи заложници и на огромното мнозинство од загинатите заложници да се вратат дома.
МИА
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
-

Мицкоски без детали од разговорите за реконструкција на Владата
