Нетанјаху предложи директни избори за премиер на Израел
Израелскиот премиер и лидер на владејачката партија „Ликуд“, Бенјамин Нетанјаху предложи претседателот на влада да биде избран преку директно гласање, со цел да се избегнат трети парламентарни избори оваа година.
– Доколку „Сино и бело“ не сака влада на национално единство, тогаш има само еден начин да се спречат изборите во Кнесетот, а тоа е да биде избран еден од двајцата нас. Луѓето нека одлучат на кого ќе му ја дадат довербата да биде премиер – на Бени Ганц или на мене. Во „Сино и бело“ тврдат дека знаат што сака народот, затоа тој нека одлучи и никој освен него. И секако, не медиумите, истакна Нетанјаху во видео соопштение објавено на социјалните мрежи.
Лидерот на опозициската партија „Сино и бело“, Бени Ганц го нарече предлогот на Нетанјаху „изборен трик“.
– Ова е празен предлог, насочен исклучиво да го сврти вниманието од премиерот, кој има три сериозни обвиненија и кој останува единствената личност одговорна што сме на прагот на трети парламентарни избори, нагласи Ганц.
На 11 декември вечерта истекува тринеделниот период за формирање владин кабинет. Сите досегашни обиди да се постигне согласност за формирање влада на национално единство завршија неуспешно.
Ново на Сител
-
Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија
-
Приведени рибокрадци во Охрид
-
ЈО: Скопјанец под дејство на дрога усмртил жена со возило и побегнал
-
Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари
-
Пораснаа доларот и биткоинот
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад