Нетанјаху: Ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа - во Рафа и Кан Јунис

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на почетокот на неделниот состанок на израелската Влада изјави дека ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа, едното во Рафа и другото во Кан Јунис.
– Тие ќе бидат елиминирани“, рече Нетанјаху, нагласувајќи дека обидите на Хамас да ги измами Израел, САД и светот не биле успешни – објави „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху, исто така, нагласи дека заштитата на израелските сили во Газа е приоритет.
– Мојата наредба е јасна – доколку има каков било обид за напад врз нашите војници, ќе ги нападнеме напаѓачите и нивните мрежи, во одбрана на нашите трупи – рече Нетанјаху.
Тој, исто така, инсистираше дека Израел нема да бара дозвола од САД за клучни одлуки во врска со Газа, одговарајќи на критиките дека Вашингтон има клучна улога во донесувањето одлуки.
– Слушам изјави кои се едноставно неточни. Ние ја задржуваме целосната одговорност за безбедноста и нема да ја отстапиме – нагласи тој.
Истовремено, Нетанјаху нагласи дека Хамас ќе биде разоружан, а Газа ќе биде демилитаризирана.
– Тоа е разбирањето што го споделувам со претседателот Трамп, и ние дејствуваме според јасна рамка. Ако тоа не може да се постигне на еден начин, ќе се постигне на друг начин и сите знаат кој е тој друг начин и кој ќе го спроведе – рече Нетанјаху.
Кога беше прашан за Либан, Нетанјаху изјави дека Хезболах се обидува да се вооружи.
– Очекуваме либанската Влада да ги исполни своите ветувања и да го разоружа Хезболах. Но, јасно е дека ќе го искористиме нашето право на самоодбрана според условите на примирјето. Нема да дозволиме Либан да стане нов фронт против нас и ќе дејствуваме по потреба – заклучи израелскиот премиер
MИА
Ново на Сител
-

Кандидатот на ВРЕДИ, Фисник Меља прогласи победа во Дебар
-

ДИК: Од обработени 93% од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски - 57,84%, Амар Мециновиќ 36,11%
-

Јовица Илиевски победи во Брвеница
-

Д-р Владко Грозданов прогласи победа во Кочани
-

Златко Ристов останува градоначалник на Конче
-

Левица: Задоволни сме од излезеноста во урбаните општини, исклучок се општините Чаир и Сарај
-

Според партиски извори Ѓоко Камчев е нов градоначалник на Валандово
-

ДИК: Од обработени 80,85 % од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски - 59,41%, Амар Мециновиќ 34,80%
