Втора вечер по ред забележани дронови над белгиската воена база „Клајне-Брогел“

За помалку од 24 часа синоќа повторно беа регистрирани дронови на воената база „Клајне-Брогел“ во провинцијата Лимбург во североисточна Белгија.
Според градоначалникот на местото Пер, Стивен Матеј, на чија територија се наоѓа базата, веднаш по регистрирањето на дроновите во тој правец се упатил полициски хеликоптер, но не успеал да ги пресретне беспилотните летала.
Над „Клајне-Брогел“, како и над базата „Леополдсбург“, што се наоѓа во истата област, дронови беа забележани и ноќта меѓу петокот и саботата.
„Клајне-Брогел“ е воздухопловна база на белгиската Армија во која е сместено американско нуклеарно оружје, а од 2027 година таму треба да бидат стационирани и новите борбени авиони Ф-35, што Белгија неодамна ги нарача од САД.
По синоќешниот инцидент се огласи и белгискиот министер за одбрана Тео Франкен, кој во објава на Икс наведе дека над „Клајне-Брогел“ биле забележани „неколку дронови“.
– Министерството за одбрана ќе се сретне со локалната полиција следната недела за да ја анализира заканата и за да можеме да ги пронајдеме и уапсиме лицата што управувале со дроновите, наведе Франкен.
Ова се нови случаи на забележани дронови над касарни во Белгија, откако во претходните недели беспилотни летала беа регистрирани и над воените бази „Марш-ан-Фамен“ и „Елзенборн“ во источна Белгија.
Засега нема индиции кој стои и од каде потекнуваат овие дронови.
Инаку, во последните месеци во неколку држави во Источна Европа и во балтичкиот регион беа регистрирани дронови кои надлетуваа над критична инфраструктура, за што беше осомничена Русија.
МИА
Ново на Сител
-

Излезноста во Куманово до 17 часот е 27, 72 проценти
-

Излезноста до 17 часот на ниво на држава е 34,62%
-

Излезеноста во Пробиштип до 17 часот 61,25 отсто
-

Во Дебар до 17 часот гласалe 36 отсто од граѓаните запишани во единствениот избирачки список
-

Висока излезеност во Ранковце, до 15 часот 44,64 отсто
-

Во Могила до 17 часот гласале 39,81 проценти од гласачите
-

Најголема излезност во тетовскиот регион во општина Брвеница
-

Нетанјаху: Ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа - во Рафа и Кан Јунис
