-->
-->
МЗТ Скопје казнет со 1.000 евра од АБА лигата
-->

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром е казнет со 1.000 евра од спортскиот директор на АБА-лигата, Жарко Чабаркапа, поради „фрлање тврди предмети на теренот за време на средбата со партизан.
Инцидентот се случи за време на мечот од 1. коло што заврши со победа на тимот од „Јане Сандански“.
Казна од 1.000 евра добија и белграѓани поради истиот прекршок направен од навивачите на овој клуб кои беа присутни во Скопје.
Од МЗТ Скопје апелираат до своите навивачи во иднина да не фрлаат било какви предмети на теренот.
- Со цел да се избегне дополнителното празнење на клупската каса, управата на МЗТ Скопје Аеродром апелира до сите навивачи, симпатизери и искрени вљубеници во кошарката во иднина да се воздржат од фрлање било какви предмети кон актерите на теренот. Со таков гест само се прават проблеми на клубот и тоа не само на финансиски план туку и на имиџот кој го имаме во АБА-лигата. Помошта од трибините и тоа како ни е потребна, но на начин кој нема да донесе било какви санкции, кои во иднина при евентуално повторување би била драстично поголеми, соопштија од МЗТ Скопје
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата
-

Попладне и утре врнежи од дожд и засилен ветер
-

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници
-

Трамп: Орбан побара ослободување од санкциите за руската нафта, но Вашингтон го одби
-

Постaпкa прoтив чeтворицa осoмничени зa оргaнизирaњe бoрби сo кучињa во битолско сeлo Црнеец
-

Приведен скопјанец, со возило удрил 77-годишна жена и го напуштил местото на настанот
-

Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило
-

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025
