Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска по интензивните израелски воздушни напади утрината врз главниот град и клучното пристаниште на Јемен, под контрола на бунтовниците, изјави дека Израел го штити светот од Хутите.
„Тие не не напаѓаат само нас. Тие го напаѓаат целиот свет. Тие ги напаѓаат меѓународните бродски и трговски патишта. Кога Израел дејствува против Хутите, тој дејствува за целата меѓународна заедница“, рече Нетанјаху во видео порака, тврдејќи дека САД и многу други добро го разбираат тоа.
Нетанјаху рече дека „Хутите учат и ќе научат на потешкиот начин дека секој што го напаѓа Израел плаќа висока цена“, објавија израелските медиуми.
Израелски воени авиони нападнаа цели на Хутите во Јемен, при што загинаа најмалку девет лица во пристанишниот град Ходеида.
Ново на Сител
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика
-
Фридман: Македонскиот јазик е жив и здрав
-
Заштита за „Македониум“