Несреќа во Охрид: 26 годишна девојка паднала во 70 метарска провалија на Галичица
Во отсуство на охридските алпинисти, кои беа надвор од Охрид, тричасовната акција за спасување на 26-годишна охриѓанка која за влакно спаси жива глава, паѓајќи во провалија длабока 70 метри на Галичица, на непристапен терен, сред ноќ во услови на магла и ниска темература, ја изведоа припадниците на противпожарната единица кои направија херојски подвик, ризикувајќи ги сопствените животи.
Охридските обучени алпинисти функционираат волонтерски повеќе од 1 деценија. Тие апелираат до надлежните да го реализираат изработениот предлог проект за воведување ефикасен систем за спасување на планина кој би чинел околу 100.000 евра а се однесува на поширокиот охридско струшки регион. “Статистиката на несреќи на планина рапидно расте во споредба со она што сме ги имале пред неколку години,кога 1 случај бил на 2 или 3 години. Сега веќе годишно се соочуваме со просечна бројка од 2-3 несреќи кои најголем дел завршуваат фатално“ вели од таму. Ова годинава е четврти инцидент на планина. Девојката помина само со повредено рамо, но и со силни трауми поради што е и хоспитализирана, а во спасувањето е повреден и еден пожарникар.
Ново на Сител
-
Шукова најавува инфраструктурни проекти во Општина Бутел
-
Булингот се повеќе присутен помеѓу учениците
-
Жените земјоделки: Нашето земјоделство е пациент кој што го лечеа многу лекари, но никој не ја погоди точната дијагноза
-
Занаетчиството во криза
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, Ранковце и Крива Паланка
-
Предизборен карван на СДСМ во Новаци, Ресен и Битола
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија