Македонија
13. July 2015 - 12:23

Несреќа на велосипедската патека на кејот на Вардар - Едно момче тешко повредено

Момче се здоби со тешки телесни повреди откако вчера, околу 20 часот удри во куче кое заедно со својата сопственичка шеташе на патеката за велосипеди и ролерки на кејот на Вардар во скопски Аеродром. Момчето се здобило со скршеници на лактот на десната рака како и потрес на мозокот и распукана брада. 

Тој возел со својот велосипед кога на среде патека му претрчало куче. Удрил во кучето и завршил на асфалтот. 

Била повикана екипа на Брза Помош која од патеката момчето го однесе во болница.

Рекреативците кои редовно возат велосипед и ролерки на патеката на кејот на Вардар коментираат дека не е прв пат да се случи ваква незгода. Тие апелираат до сите рекреативци кои не возат велосипеди или ролерки да ја користат горната патека или земјената патека веднаш до Вардар.