-->
-->
Нешто му шушнало во грмушките и пукал: Ловџија повреди берач на плодови
-->
Вчера околу 12,00 часот во атар на с. Будинарци- Берово, кај месноста викана .„Лесови ливади“ додека И.П. (1981) од с. Будинарци, бил на лов, во еден момент на оддалеченост од околу 60 метри забележал раздвижување на гранките на смрека, при што се посомневал дека се работи за дивеч, испукал еден истрел во воздух, а потоа вториот истрел го насочил кон смреката.
Веднаш по истрелот, И.П. слушнал вресок, при што кај смреката го затекнал С.К. (1954) од с.Будинарци, кој во моментот собирал плодови.С.К. се здобил со повреди од сачмите во пределот на двете нозе.
Истиот бил пренесен во Здравствен дом -Берово, од каде со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Клинички центар Штип и е надвор од животна опасност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема
-
Софија одби медијаторство на Орбан во разговорите со Скопје, различни анализи што всушност понуди унгарскиот премиер
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор утврдил сомнителни набавки од Владата на СДСМ
-
Расте потребата од образовни асистенти
-
Пристап до безбеден абортус е здравствено право на секоја жена