Нептун на врвот! Горан Цветинов, извршен директор на „Нептун“ Македонија е добитник на наградата „Менаџер на годината за 2021 година“
На настанот „Мажи на годината 2021“ во организација на Gentleman Magazine (прво специјализирано онлајн списание за мажи во земјава) и Friday Communications, извршниот директор на Нептун Македонија, г. Горан Цветинов, докажан менаџер кој зад себе има успешна кариера, ја доби наградата „Менаџер на годината за 2021 година“.
Станува збор за добро етаблиран настан кој во повеќе од 70 земји во светот ги собира најуспешните мажи од повеќе категории и за постигнувањата и придонесот наградува 13 најуспешни мажи во 13 различни категории. Онака, како доликува на едно современо и алтруистичко општество, на манифестацијата која се одржа во Скопје, гласно беа поздравени сите напори и успеси на активни чинители од нашето окружување, поединци и компании кои секојдневно преку своето делување придонесуваат за подобро и поквалитетно живеење. Една од тие општествено одговорни организации кај нас е и Нептун Македонија, докажан пример во трговијата за добро управување, лојална конкуренција и пријатна средина за градење кариера.
„Без разлика дали кон клиент, партнер или иден вработен, она што ме води во градење на брендот е да ја пренесам мојата посветеност, креативност и визионерство. Чест и привилегија е да се биде дел од организација која посветено се грижи за своите вработени, за клиентите и општествената одговорност. Сето ова за мене претставува непроценлив извор на инспирација и сила; се чувствувам почестен што имам можност да бидам лидер на Нептун Македонија. Овој вид на признание е само потврда за моите заложби и поттик да продолжам понатаму со нови активности и иницијативи за развој и раст на компанијата, и секако проширување на личните потенцијали.“- кажа извршниот директор на Нептун, г-гин Горан Цветинов.
Плановите на еден успешен менаџер секогаш се поврзани со реализација на мисијата, визијата и вредностите на компанијата. Трудот на Цветинов е во насока на континуирано подобрување на производите и услугите кои Нептун ги нуди, со цел за задоволство на клиентите и надминување на нивните очекувања.
„Со уште поголем интензитет од досегашниот ќе се посветам на разбирање на ставовите, задоволството и перцепциите на вработените со цел секој колега да биде повеќе мотивиран и да ги исполнува поставените цели. Да инвестираме во себе, да инвестираме во вредности, во компанијата каде работиме, во тимовите во кои работиме, во проектите.“, вели Цветинов.
За посветеното и успешно работење на Нептун доказ е и наградата во рамки на проектот „Месец на трговијата“ кој традиционално, петнаесетта година по ред го спроведува Град Скопје во соработка со агенцијата SWOT Research и измината 2021 година го реализираше во периодот од 1 до 25 Ноември. Во рамки на овој проект независни и објективни, тајни купувачи (преку организирано мистериозно купување) ги избираат најдобрите продавници од македонскиот пазар. Со вкупно 723 посети на 241 продавница купувачите го оценуваат квалитетот на услугата во седум категории:
- изглед на продажното место
- прв контакт со вработените
- протоколи за Ковид 19
- услужливост
- продажни вештини
- завршен контакт
- задоволство од шопинг искуството.
Плакетите се доделуваат на најдобрите трговци кои постигнале највисока вкупна оценка според испитуваните критериум на услугата. За изминатата 2021 година, Нептун Македонија е добитник на награда во категоријата Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома.
Препознаен од купувачите, но и од медиумската фела, Нептун и изминатата 2021 како и претходните години ја заокружи со позитива, добар имиџ и нов бран мотивација кон идните предизвици. И дека сето ова меѓу другото треба да послужи и како поттик и како добар пример за тоа како треба за идните генерации, за младите, за ентузијастите, следна е пораката која особено на младите им ја упатува г-дин Цветинов:
„Младите луѓе треба едно нешто да знаат, дека ништо не доаѓа лесно и треба да се подготвени да учат од секој неуспех, бидејќи тоа ќе им помогне да донесат подобри одлуки кои водат до успех подоцна. Додека многу луѓе се откажуваат откако ќе добијат негативен одговор по некој проект или неостварена цел, другиот дел кои остануваат истрајни ќе имаат сигурен успех подоцна. Истрајност и визија се клучот за успехот, толку.“- порача најуспешниот менаџер на годината од Република Северна Македонија, Горан Цветинов извршен директор на Нептун Македонија.
Ново на Сител
-
Санчез: Не може дефинитивно да се потврди поради што е прекинот на електричната енергија на Иберискиот Полуостров
-
ЈО: Ги повикуваме семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот
-
Загина 75-годишен возач во сообраќајка во Чаир
-
Престижните универзитети во САД создаваат обединет фронт против Трамп
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга