Неносењето заштитни маски причина за ширење на вирусот меѓу работничките во новата штипска конфекција

Непочитување на мерките за заштита е причина за ширење на коронавирусот во новата осма по ред штипска конфекција, каде што во изминатите два дена се регистрирани три позитивни, a десетина работници сеставени во изолација покажа денешниот увид од епидемиологот од Центарот за јавно здравје – Штип.
Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека според увидот причина за ширење на вирусот е неносење на заштитни маски од страна на работниците, како и нивно групирање за време на паузите, а притоа неносејќи заштитна опрема и не држеле дистанца од два метра.
Штип денеска го нема во здравствениот билтен, па останува со 202 активни случаи на КОВИД-19. Епидемиолозите дневно на повеќе пунктови земаат по 50 брисеви, а се уште очекуваат резултати за стотина брисеви, помеѓу кои се и и контролните за 53 текстилни работници од првата конфекција што беше затворена на крајот од мај.
Ново на Сител
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
-

Почна судењето за ,,Пулс"
-

За СДСМ судењето за Кочани е тест за зрелост, од ВМРО-ДПНЕ очекуваат правда
-

ВМРО-ДПМЕ ги повика судиите и јавните обвинители да си ги заработат платите, Филипче бара фокус на реформската агенда
-

Втора рунда интервјуа за нов претседател на Антикорупциска
-

Од следната недела ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките од странство до 22 евра
