-->
-->
Немала пари па бездомник ѝ го платил таксито – нема да верувате што направила таа потоа
-->

Доминик Харисон Бенсен од Престон доживеала нешто неочекувано кога на враќање со такси од градот, сфатила дека ја изгубила банковната картичка при што не можела да го плати таксито. Во тој момент добриот бездомник скокнал на помош и ѝ ги понудил последните три фунти што ги имал.
Доминик секако одбила да ги земе парите, но одлучила да го основа фондот „Помогнете му на Роби", за да му се одолжи за гестот. Четири дена и биле потребни да го пронајде.
За само неколку дена биле собрани повеќе од 14.000 фунти а сајтот станал толку популарен така што поради големиот протек неколку пати се „срушил".
-Инсистираше да ги земам парите за такси за да стасам дома безбедно. Иако одбив да ги земам парите многу ме трогна неговиот гест. Веднаш на Фејсбук се обидов да пронајдам некого кој знае нешто за него. Дознав дека не сум единствената на којa и помогнал, изјави Доминик за средбата со бездомникот Роби.

Според она што Доминик го изјавила се јавиле неколку луѓе на кои Роби им ги вратил паричниците, им помогнал кога се изгубиле, а и го нудел својот шал на една девојка која се смрзнувала.
-Бездомник станал пред седум месеци не по своја вина, а не може да најде работа бидејќи нема живеалиште, додава студентката Доминик.
Нејзина примарна цел е од донациите на добрите луѓе да собере доволно за да може Роби да положи депозит за стан, што потоа ќе му даде можност да најде работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци