Нема преживеани во хеликоптерската несреќа во Грција
Припадници на специјалната нуркачка единица на крајбрежната служба на Грција попладнево ги извлекоа безживотните тела на двајцата патници и пилотот од приватниот хеликоптер што во 15 часот и 40 минути се урна во морето во близина на грчкиот остров Порос.
Портпаролот на грчката крајбрежна служба, Никос Лагадианос, говорејќи за државната телевизија ЕРТ, наведе дека во хеликоптерот имало три лица, пилотот кој е Грк и двајца патници – странски државјани, а според информациите во грчките медиуми, станува збор за Руси.
Прво беа пронајдени и извлечени телата на патниците – руските државјани, а подоцна и на пилотот.
Повеќе од два часа траеше акцијата за пронаоѓање на патниците во хеликоптерот „Агуста 109“, што е во сопственост на компанија за изнајмување, а кој тргнал од месноста Галатас наспроти островот Порос, оо крајна дестинација – атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“.
Во потрагата учествуваа шест бродови на крајбрежната служба, шест приватни јахти, три мали чамци, припадници на специјалната нуркачка единица и хеликоптер „Супер пума“.
Според првичните неофицијални информации, хеликоптерот најверојатно удрил во далновод и паднал во морскиот дел на островот Порос што се наоѓа 58 километри јужно од атинското пристаниште Пиреас. По падот на хеликоптерот, на островот во прекин е снабдувањето со електрична енергија.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување