Нема преживеани во авионската несреќа во северен Пакистан

Нема преживеани при уривањето на авионот на авиокомпанијата „Пакистани Интернешанл Ерлајнс“ (ПИА), со 48 патници и членови на екипажот, во северниот дел на Пакистан, соопшти пакистанската Управа за цивилно воздухопловство.
- Нема ниту еден преживеан, изјави портпарол на цивилното воздухпловство.
Претходно беше потврдена смртта на 36 лица.
Меѓу жртвите има тројца странски државјани - двајца Австријци и еден Кинез.
Авионот од типот „АТР-42“ на летот ПК-661 на релација Читрал - Исламабад, се урнал во реонот на градот Хавелијан, на 70 километри од Исламабад. Засега не се познати причините за несреќата.
Според странски медиуми, кои се повикуваат на извори во пакистанските власти, авионот прво се запалил, а потоа паднал на земјата.
„АТР-42“ е двомоторен клипен авион, што компанијата ПИА го користела за своите куси линии во Пакистан. Авионот е произведен од АТР, со заедничко вложување на групата „Ербас“ и италијанската фирма „Леонардо“.
Странските медиуми јавуваат дека меѓу патниците бил и домашната поп ѕвезда Џунаид Џамшед.
ПИА беше обвинета за несоодветни мерки за безбедност во 2006 година, откако при слична несреќа загинаа 44 лица. Европската Унија во 2007 ги забрани летовите на компанијата кон нејзините земји членки.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
-

Саем за храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“
-

Се поскапо седнувањето во ресторани
