Нема опасност од прелевање на акумулацијата во Берово
Нема опасност од прелевање на водата од акумилацијата на Ратевска Река или познатото Беровско Езеро кај Берово. Како што истакна за МИА директорот на Водостопанство Берово Атанас Атанасовски, водата во акумулацијата е на кота 978,20 што значи дека акумулацијата има уште 5, 80 метри за да прелее.
- Ние испуштаме околу 500 лити вода во секунда од акумулацијата и ја следиме состојбата со цел да може да се држи браната под контрола. Во моментов околу 3 илјади литри кубни во секунда влегува вода од Ратевска Река во езерото, рече Атанасовски.
Тој додаде и дека реката Брегалница во Малешевијата има зголемен водостој, но засега нема опасност од излегување на реката од коритото, исто таква е состојбата и со Ратевска Река.
- Екипите од општина Берово, од ЈПКД „Услуга“ и територијалната противпожарна единица се во приправност. Исчистеното речно корито на Ратевска Река, засега не прави проблеми на стандардните критични точки, рече Атанасовски.
Акумулацијата кај Берово во моментов има 7.652.000 метри кубни вода, максимум акумулацијата може да собере 10.500.000 метри кубни, додека празен простор има од 2.348.000 метри кубни.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел