„Нема доволно докази“: Ослободени четворица Срби осомничени за вооружениот напад во Бањска

Четворица осомничени во случајот во Бањска се ослободени бидејќи немало доволно докази поврзани со нив, информираше Специјалното обвинителство на Косово, објави ,,Коха''.
Како што соопштија од Обвинителството, осомничените се уапсени далеку од местото на настанот.
„Ве информираме дека четирите лица, кои беа уапсени за време на акцијата на косовската полиција во селото Бањска во општина Звечан, далеку од местото на настанот, вчера беа ослободени од Специјалното обвинителство на Република Косово во отсуство на докази од косовската полиција“, соопшти во средата Обвинителството, пренесува „Коха“.
Косовската полиција уапси осум лица во врска со вооружениот напад што се случи во неделата во Бањска во Звечан, каде што беше убиен наредникот на косовската полиција, Африм Буњаку.
Ново на Сител
-   
           Преглед на вестите од светот
-   
           Филипче: Гласајте по сопствено убедување
-   
           Серија проекти и мерки по изборите
-   
           Сиљановска: Жените да бидат вклучени во процесот на одлучување
-   
           Заплениети 130 килограми марихуана на Табановце
-   
           Неопходна е стратегија за спас на Преспанското езеро
-   
           Преглед на вестите од светот
-   
           Промовирано новото македонско вино - Волкано од Монтеко





