Нелегална продажба на ракија во угостителски објекти во Тетово и Скопје
Царината привремено задржа околу 90 литри домашна ракија и три литри узо без бандероли и со сомнителен квалитет од три правни и едно физичко лице во Скопје и во Тетово кај кои утврди неправилности при продажба на акцизна стока во тек на контролата во изминатите два дена.
Според соопштението од Царинската управа, во угостителски објект во Тетово е утврдена нелегална продажба на жестоки пијалоци и се одземени околу четири литри ракија и узо, а при контрола на локал во сопственост на физичко лице се откриени и одземени 74 литри домашна ракија.
На територијата на Скопје, пак, во два угостителски објекта се откриени неправилности во поглед на акцизното работење и се одземени 13,5 литри домашна ракија и две литри узо.
Против прекршителите Царинската управа презема соодветни мерки и најавува дека акциите за откривање нелегална продажба на акцизна стока ќе продолжат и понатаму.
- Контролите се спроведуваат со цел да се обезбедат основните принципи за фер конкурентност, правилна наплата на буџетски приходи, но, пред се, да се заштити здравјето на луѓето. Сите привремено задржани алкохолни пијалоци воопшто не биле означени со контролни марки, ниту поседувале каков било сертификат за квалитет, а се нуделе на продажба, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно
-
Николоски по ратификацијата на договорот: Ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење
-
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран
-
Малолетник приведен за пет тешки кражби