-->
-->
Негативни се резултатите на коронавирус на пациентка која утрово се јавила на Инфективната клиника по враќањето од Италија
-->
Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на коронавирус кај пациентката која утрово се јавила со знаци на респираторна инфекција на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
- Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и влегла на 26 февруари во земјава, информираат од Министерството.
Засега нема нов случај на заразен со корона вирус. Единствената пациентка која се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба.
- Продолжуваме редовно да ја информираме јавноста. Нема простор за паника. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на ресорното министерство, велат од Министерството за здравство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето