Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена кај струшкото село Калишта

Дирекцијата за заштита и спасување сооопшти дека при изведба на градежни работи во близина кампот „Рино“ на западниот брег на Охридското Езеро кај селото Калишта е пронајдена стара неексплодирана артилериска граната.
Пронајдената артилериска граната со калибар 105 милиметри датира од Првата светска војна, а била откриена во двор меѓу изградени куќи. Истата безбедно е подигната од пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и транспортирана до место за складирање, по што ќе биде уништена.
Од ДЗС со препорака до населението за начинот како да се реагира кога ќе се пронајдат опасни неексплодирани убојни и други средства. Се апелира во случај кога граѓаните ќе пронајдат неексплодирани убојни средства да не ги допираат и поместуваат, туку едноставно да се јават на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.
По пријавата, надлежните институции и служби од Системот за управување со кризи, самостојно или комбинирано со стручни лица, ќе се погрижат безбедно да бидат отстранети или неутрализирани, односно да бидат уништени опасните пронајдени работи, согласно конкретните просторни услови, ситуации, а и карактеристики на опасните неесплодирани убојни средства.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
-

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, вечерва стартува чистењето на Скопје
-

Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
-

Средба Мицкоски - Рокас во Влада
-

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железнички меѓуграничен тунел
-

ИЈЗ: За една недела пријавени 94 случаи со грип
